Michael Hernandez
13 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро го критикуваше холивудскиот актер Роберт де Ниро, кој два дена претходно за време на обраќањето на манифестација го навреди американскиот претседател и ѝ се извини на Канада поради несогласувањата во трговската соработка, пренесува Anadolu Agency (AA).
На патот од Сингапур кон Соединетите Американски Држави (САД) Трамп на Твитер објави дека го гледал настапот на Де Ниро, истакнувајќи дека бил убеден оти тој бил пијан.
„Роберт де Ниро, човекот со многу низок коефициент на интелигенција, во филмовите прими премногу удари во главата од вистински боксери“, изјави Трамп, додавајќи дека Де Ниро во таква состојба не е ни свесен дека американската економија во моментов е во најдобра ситуација.
Истакнувајќи дека многу компании се враќаат во САД и дека ситуацијата во земјата е сè подобра, Трамп му порача на Де Ниро дека треба да се „разбуди“.
Де Ниро во понеделникот му се извини на канадскиот народ и на премиерот Џастин Трудо поради „идиотското однесување“ на претседателот на неговата земја, мислејќи на воведувањето на американските царини на челик и алуминиум од Европа и Канада.