Ekipa
13 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
МАРИБ (AA) - Околу 20.000 деца во Јемен се користат како борци во редовите на шиитското движење на Хусите, покажуваат податоците на јеменското Министерство за социјални работи и труд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за социјални работи и труд, Абтихаџ ел Кемал, истакна дека според статистиките, во земјата каде што веќе 3 години трае граѓанската војна, над 2 милиони деца се работници.
Кемал информираше дека спротивно на меѓународните договори и на правата на децата, 20.000 деца се користат како борци од страна на Хусите.
Истакнувајќи дека Хусите делумно или целосно уништиле 2.372 училишта, додека над 1.500 образовни установи се користат како затвори или касарни, Ел Кемал рече дека над 4,5 милиони деца не одат во училиште.
Во Јемен веќе подолг период владее политичка нестабилност и судири меѓу Хусите и силите на легитимната власт во Јемен. Хусите од септември 2014 година го зазедоа главниот град на Јемен, Сана, како и одредени околни подрачја. Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од 2015 година ѝ даваат поддршка на Владата на Јемен против Хусите.