свет

Трамп: „Кинескиот вирус“ е контра-стратегија против Кина

- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата изјава за коронавирусот нарекувајќи го кинески, претставувало контра-стратегија во борбата против обвиненијата на Кина дека американските војници го довеле вирусот во Вухан

Vakkas Doğantekin  | 30.03.2020 - Обновена : 30.03.2020
Трамп: „Кинескиот вирус“ е контра-стратегија против Кина

АНКАРА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата изјава за коронавирусот нарекувајќи го кинески, претставувало контра-стратегија во борбата против обвиненијата на Кина дека американските војници го довеле вирусот во Вухан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Зборувајќи на телевизиската програма „Fox & Friends“, Трамп изјави дека секоја земја прави пропаганда, вклучувајќи ги тука и САД и Кина, со цел да ги поткопа своите ривали.

„Кина го прави тоа, и ние го направиме. Им велиме различни работи, и вие знаете, давам изјави кои што се многу силни против Кина, вклучувајќи ја и изјавата за „кинескиот вирус“, која веќе некое време ја слушате. Мислам, не би рекол дека се шокирани од таа изјава“, вели Трамп.

Трамп изјави дека кинеските официјални претставници започнале со изјавите дека американските војници го донеле вирусот, а тој само како одговор на тоа ги запрашал дали мислат на „кинескиот“ вирус.

„Тогаш одеднаш тие се јавија и побараа да разговараме на убав начин“, рече Трамп, тврдејќи дека нивната комуникациска стратегија успеала.

Неколку корисници на кинеската социјална медиумска платформа Weibo тврдеа дека новиот тип на коронавирус SARS-CoV-2 бил донесен во Кина, кога 300 американски војници во средината на октомври пристигнале во регионот на Вухан за Воените светски игри и го заразиле локалното население.

Никој од американските војници кои беа во Вухан не е позитивен на вирусот, велат американските официјални претставници.

Кинескиот специјалист за респираторни болести, Zhong Nanshan на прес-конференцијата во февруари изјави дека иако Ковид-19 за прв пат бил откриен во Кина, тоа не морало да значи дека потекнува од таму.

Претходно овој месец, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Жао Лиџиан на социјалната мрежа Твитер директно ги обвини САД.

„Кога се појави првиот пациент во САД? Колку луѓе се заразени? Кои се имињата на болниците? Можеби американската армија ја донесе епидемијата во Вухан. Бидете транспарентни. Објавете ги своите податоци. САД ни должат објаснување“, изјави тој.

Како одговор на тоа, Трамп и неколку републикански пратеници со недели го нарекуваат вирусот „кинески“ или „вирусот од Вухан“.

Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 177 земји и региони низ светот. Од последиците предизвикани од овој вирус починаа вкупно 35,019 лица. Потврдени се 738.000 случаи на заразување.

Излечени се вкупно 156.507 лица кај кои е дијагностициран новиот тип на коронавирусот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın