Diyar Güldoğan
12 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека разговарал со украинскиот претседател Владимир Зеленски за руско-украинската војна, пренесува Анадолу.
„Разговорот помина многу добро. Тој, како и претседателот Путин, сака да постигне МИР“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Телефонскиот разговор дојде откако Трамп одржа „долг и многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Тие се согласија да го запрат крвопролевањето во војната и нивните тимови веднаш да започнат преговори.
Трамп рече дека разговарал со Зеленски за средбата што е организирана за петок во Минхен, каде што ќе бидат водени разговори од страна на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио.
„Се надевам дека резултатите од таа средба ќе бидат позитивни. Време е да се запре оваа бесмислена војна, каде што имаше масовни и тотално непотребни СМРТ и УНИШТУВАЊЕ. Господ да ги благослови народите на Русија и Украина!“, напиша Трамп.