Recep Şakar
04 Април 2019•Ажурирај: 05 Април 2019
МЕЛБУРН (АА) – Терористот Брентон Тарант, кој изврши терористички напад во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во градот Крајстчрч во Нов Зеланд и уби 50 лица, а исто така и повреди 50 лица, кривично ќе биде гонет за 50 одделни убиства и 39 обиди за убиство, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од полицијата на Нов Зеланд, во судскиот процес што ќе започне утре, 5 април, во Високиот суд во Крајстчрч, лицето приведено за терористички напад ќе биде кривично гонето за 50 одделни убиства и за 39 обиди за убиство.
Терористот Брентон Тарант, кој моментално се наоѓа во самица во најобезбедениот затвор во земјата, на утрешната расправа ќе присуствува од самицата преку камера.
Расправата во Високиот суд во Крајстчрч се очекува да трае кратко, нема да има никаква одлука или одбрана. На расправата терористот ќе биде прашан дали сака адвокат или не, бидејќи претходно истакна дека не сака адвокат, а исто така ќе се разгледаат и административни процедури, ако евентуално ги има.
Од друга страна, за време на судењето, новинарите ќе имаат можност да влезат во салата, но судијата ги одби барањата на 12 медиумски куќи за снимање на рочиштето.
Терористот Брентон Тарант, кој изврши терористички напад во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ на 15 март (петок), за време на петочната молитва во градот Крајстчрч во Нов Зеланд, уби 50 лица, меѓу кои имаше жени и деца, додека повреди 50 лица.