Ömer Erdem
31 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
КАРТУМ
Терористичката организација „Еш-Шебаб“ ја презеде одговорноста за нападот со бомба во Могадишу, главниот град на Сомалија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во снимените материјали, за кои се тврди дека му припаѓаат на портпаролот на „Еш Шебаб“, објавени на интернет-порталот „Сомали мимо“, кој е близок до организацијата, се истакнува дека е преземена одговорноста за бомбашкиот напад.
Во бомбашкиот напад, што се случи во саботата во Могадишу, загинаа 81 лице, меѓу кои и двајца турски државјани.
Министерството за здравство на Турција, веднаш по нападот во Сомалија, испрати екипа од Националниот тим на медицински спасувачи (УМКЕ) и хируршки персонал од 20 лица.
Во експлозијата загинаа двајца турски државјани, а нивните мртви тела и 16 повредени Сомалијци беа однесени во Турција.