Mahmoud Barakat
06 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
ИДЛИБ (АА) - Терористите на ПЈД/ПКК извршија напад врз бегалски камп во Сирија во кој се убиени најмалку три, а ранети се 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА јавува дека терористите од местото Џиндарас кај Африн ракетирале бегалски камп во подрачјето на Атма во северозападната сириска област Идлиб.
Меѓу настраданите повеќе се жени и деца.
Станува збор за камп во близина на сириско-турската граница во кој се згрижени илјадници бегалци од неколку сириски градови.
Терористите на ПЈД/ПКК и претходно извршуваа напади на бегалците во кампот Атма.