Ekipa
31 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
КАБУЛ (АА) - Ирачката амбасада во авганистанскиот главен град, Кабул, беше нападната денес од страна на милитантите на ДЕАШ со силна експлозија пропратена со темен чад и оган, јавува Anadolu Agnecy (AA).
Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш, за АА изјави дека во нападто биле вклучени четворица напаѓачи.
„Бомбаш-самоубиец се разнесе на влезот од амбасадата додека тројца од нив влегоа и започнале да пукаат”, истакна тој.
Министерството објави дека специјалната единица на Авганистанската национална полиција (ANP) пристигнала на местото брзо, го опколила подрачјето и го спасила персоналот на амбасадата.
„Операцијата на расчистување во областа сѐ уште во тек”, се вели во соопштението, осудувајќи го инцидентот како не-исламски нехуман акт.
Во меѓувреме, агенцијата блиска до на ДЕАШ „Амак“ објави дека двајца припадници на ДЕАШ ја нападнале на ирачката амбасада во авганистанскиот град Кабул, без да даде повеќе детали.
Ирачката амбасада е лоцирана надвор од дипломатската енклава во близина на централното градско подрачје Шахр е-Нау, познато по своите ресторани и трговски центри.
Ирачката амбасада пред две недели ја славеше победата врз ДЕАШ во Мосул.