Emel Öz Gözellik
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
ТАЛИН (АА) - Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, изјави дека нападот врз еден сојузник на НАТО, е напад врз сите сојузници, јавува Anadolu Agency (AA).
Пенс, кој го посети главниот град на Естонија, Талин, оствари средба со естонскиот претседател на таа земја Керсти Kaлјулаид, со претседателот на Латвија, Раимондс Вејонис и претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите.
„Нападот врз еден сојузник на НАТО е напад врз сите нас“, рече Пенс.
Тој потенцираше дека американскиот претседател Доналд Трамп смета оти безбедноста е основата на просперитетот.
Се очекува Пенс по Естонија да ги посети Грузија и Црна Гора.