Emre Gürkan Abay
18 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин и саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман, телефонски разговараа за нападот врз саудиската национална нафтена компанија „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на прес-службата на Кремљ, рускиот претседател истакнал дека е потребно да се изврши непристрасна и сеопфатна истрага во врска со овој напад.
Исто така, се наведува дека Путин и Селман во разговорот се осврнале и на настаните на глобалниот енергетски пазар.
„Страните потврдија дека ќе продолжи блиската соработка, со цел спроведување на договорите на Организацијата на земји извознички на нафта и нафтени деривати (OPEC), и стабилизирање на глобалните цени на нафтата“, се додава во соопштението на Кремљ.