свет

Познат мексикански претприемач приведен за убиство на својот син во САД

Началникот на полицијата во Тибурон, Мајкл Кронин, изјави дека бран ги турнал момчето и неговиот постар брат кои паднале во вода, врз кои потоа, како што се наведува, минал чамецот кој го возел Бурило Азкарага. Постарото момче е повредено

Ekip  | 18.09.2019 - Обновена : 20.09.2019
 Познат мексикански претприемач приведен за убиство на својот син во САД

КЕРЕТАРО (АА) - Познат мексикански претприемач е приведен во Соединетите Американски Држави (САД) како осомничен за убиство на својот син, јавува Anadolu Agency (AA).

Хавиер Бурило Азкарага, кој е познат по изградба на луксузни одморалишта во Мексико, беше приведен во неделата во сојузната американска држава Калифорнија, откако во несреќа при пловидба животот го изгуби неговиот 11-годишен син.

Началникот на полицијата во Тибурон, Мајкл Кронин, изјави дека бран ги турнал момчето и неговиот постар брат кои паднале во вода, врз кои потоа, како што се наведува, минал чамецот кој го возел Бурило Азкарага. Постарото момче е повредено.

Кронин соопшти дека полициските службеници од Тибурон го привеле Азкарага откако не го поминал тестот за алкохол во крвта.

„Заедницата е во шок. Тоа е трауматичен настан не само за индивидуите, туку и за целата заедница“, истакна Кронин на прес-конференција.

Семејството престојувало во заливот Сан Франциско кога се случила несреќата.

„Бурило Азаркара во понеделникот платил кауција од 1 милион американски долари и е обвинет за сомнение за убиство во возило, намерно нанесување зло или повреда на дете и возење брод под влијание на алкохол“, соопшти Кронин.

Бурило Азкарага е член на едно од највлијателните семејства во Мексико. Семејството Азкарага се основачи на „Телевиса“ (Televisa), голема медиумска компанија која доминира во платформите за вести и содржини од забавен карактер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın