Dmitri Chirciu
18 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
МОСКВА (АА) - Шефот на Националниот центар за контрола при Министерството за одбрана на Русија, Михаил Мизинчев, истакна дека нелегалното присуство на Соединетите Американски Држави (САД) и нивните сојузници во Сирија го спречува мировниот процес, јавува Anadolu Agency (AA).
Мизинчев на брифингот одржан во руското Министерство за одбрана говореше за политиките на САД во врска со Сирија.
Тој нагласи дека САД и нивните сојузници не ѝ придаваат важност на судбината на Сиријците.
„САД имаат потреба од тензични зони во Сирија, со цел да го оправдаат нивното нелегално присуство во Сирија и да ги задоволат нивните геополитички амбиции. Можеме да забележиме дека во секое место каде што се присутни САД, постои пустош, сиромаштија и разни болести“, рече тој.
„Нелегалното присуство на САД и нивните сојузници во Сирија го спречува мировниот процес“, додаде Мизинчев.
Мизинчев укажа на лошите услови за живеење во кампот Ал Хол, во подрачјето на Хасека, кое е под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
„Кампот Ал Хол е еден пример на деструктивната политика која САД ја спроведуваат во Сирија“, нагласи Мизинчев.