ЕРУСАЛИМ
Есат ФИРАТ
На повторените општи избори во Израел, партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и Сино-белата алијанса, изборниот натпревар го завршија со „нерешен резултат“, односно освоија ист број пратенички места, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната изборна комисија на Израел соопшти дека досега биле изброени 92 отсто од гласовите.
Според неофицијалните резултати, само 9 партии од вкупните 29 кои учествуваа на изборниот натпревар, успеаја да го надминат изборниот праг од 3,25 отсто.

Стапката на излезност на изборите беше повисока од претходните избори, односно 69,4 отсто од над 6 милиони и 300 илјади гласачи во Израел го искористија своето право на глас. Стапката на излезност на предвремените избори во април изнесуваше 64,65 отсто.
- Еднаков број пратенички места
Иако партијата на Нетанјаху имаше неколку гласа повеќе во отворените кутии, од аспект на распределба на пратеничките места, резултатите ќе бидат еднакви.
Според тоа, партијата Ликуд, под водство на премиерот Нетанјаху, и Сино-белата алијанса под водство на поранешниот началник на Генералштабот на израелската војска, Бени Ганц и поранешниот министер за финансии, Јаир Лапид, во Парламентот ќе бидат претставени со по 32 пратеника.
- Заедничката арапска листа освои 12 пратенички места
Партиите кои ги претставуваат околу 2 милиона Палестинци кои се државјани на Израел, на овие избори учествуваа како една алијанса. Стапката на излезност на Палестинците на овие избори е поголема во споредба со нивната излезност на изборите во април.
Партиите Фронт, Арапско движење за промена, Обединета арапска листа (Исламско движење), и Балад, кои на претходните избори учествуваа како две посебни алијанси, на овие избори под покривот на Заедничката арапска листа освоија 12 пратенички места.
- Либерман повторно игра клучна улога во изборите
Партијата на еврејската сила, поддржана од фанатични Евреи, која се очекува да се вклучи во коалицијата на Нетанјаху, остана под изборниот праг.
Партијата на поранешниот израелски министер за одбрана, Авигдор Либерман, „Израел е наш дом“, во изминатите избори освои 5 пратенички места, а на овие избори успеа да освои 9 пратенички места. Либерман уште еднаш стана лицето кое игра клучна улога во коалициските влади.
Партијата Стражарите на Тора од Истокот, која ги претставува ултраправославните Евреи (Haredi), кои сочинуваат 11,1 отсто од вкупното население на Израел од 9 милиони жители, освои 9 пратенички места, додека партијата Yahudot освои 8 пратенички места.
Обединетата десничарска партија формирана под водство на поранешната министерка за правда, Ајелет Шакед, минатите избори не успеа да го помине изборниот праг, додека на овие избори го помина изборниот праг, освојувајќи 8 пратенички места.
- Израел го очекува нова коалициска влада
За формирање на влада во Израел потребно е да имате 61 пратеничко место од вкупно 120 пратеници во Парламентот. Според резултатите на изборите, ниту една партија не ќе може сама да има мнозинство, и затоа Израел го очекува нова коалициска влада.
Претседателот на Израел, Рувен Ривлин, од утре ќе почне да се состанува со партиите кои успееја да влезат во Парламентот.
Претседателот на државата, мандатот за формирање на влада му го дава на лидерот кој е поблизу до формирање на коалициска влада, без разлика која партија била прва на изборите.
По објавување на официјалните резултати, ќе се открие на кого Ривлин ќе му го врачи мандатот, дали на лидерот на Ликуд, Нетанјаху, или на Ганц.
По врачување на мандатот, лидерот на партијата која ќе добие мандат, во рок од 28 дена треба да ја формира коалициската влада. Но лидерот кој добил мандат за формирање на влада, има право да побара дополнително време од две недели.