свет

Тајфунот Миндуле се движи кон Јапонија

Агенцијата за метеорологија на Јапонија предупреди дека тајфунот ќе предизвика силни ветрови, високи бранови и поројни дождови во јужниот и југоисточниот дел на земјата

Ahmet Furkan Mercan  | 28.09.2021 - Обновена : 29.09.2021
Тајфунот Миндуле се движи кон Јапонија

ТОКИО (АА) - Тајфунот Миндуле во Тихиот Океан се движи кон Јапонија зголемувајќи ја и својата сила, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Агенцијата за метеорологија на Јапонија упати предупредување во врска со тајфунот, кој се движи од Филипинското Море кон островот Окинотори-шима, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата.

Според прогнозите на оваа агенција, тајфунот се движи со брзина од 180 километри на час, додека брановите високи од 6 до 8 метри се очекува да го погодат островот Окинава.

Тајфунот во ова подрачје ќе биде активен за два дена, а потоа ќе се движи североисточно и на 1 октомври ќе се приближи до островите Изу кај Токио.

Агенцијата пренесе дека тајфунот ќе предизвика силни ветрови, високи бранови и поројни дождови во јужниот и југоисточниот дел на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın