свет

„На африканските градови им се потребни милијарди за борба против климатските промени“

Врз анализа на градовите во Етиопија, Јужна Африка и Кенија, кои заедно претставуваат 18 отсто од урбаното население во Африка, е заклучено дека инвестирањето за климатска подготвеност на африканските градови ќе има огромни економски придобивки

Andrew Wasike Shimanyula  | 28.09.2021 - Обновена : 29.09.2021
„На африканските градови им се потребни милијарди за борба против климатските промени“

НАЈРОБИ (АА) - Потребни се милијарди долари за да се подготват африканските градови за климатските промени и да се претворат урбаните центри во машини за зелен раст, се вели во соопштението издадено денес од Коалицијата за урбани транзиции и ФСД Африка, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Извештајот, кој се базира на анализа на градовите во Етиопија, Јужна Африка и Кенија, кои заедно претставуваат 18 отсто од урбаното население во Африка, се забележува дека инвестирањето за климатска подготвеност на африканските градови ќе има огромни економски придобивки.

„Економските анализи покажуваaт дека низ 35 големи градови во трите земји, донесување покомпактен, чист и поврзан развој ќе бара дополнителна инвестиција од 280 милијарди долари, но ќе донесе поврат над четирипати од тоа, со вкупни придобивки во вредност од 1,1 билиони долари до 2050 година, што е еквивалентно на 330 милијарди долари во денешни услови (нето сегашна вредност) “, се забележува во Извештајот.

Марк Напиер, извршен директор на ФСД Африка, изјави дека судбината на Африка ќе биде одредена од начинот на кој ќе се развиваат нејзините градови. „Цврсто веруваме дека со добро структуирани зелени инвестиции, можно е да се добијат придобивки за животната средина и силен економски раст во истовреме.“

Ник Годфри, директор на Коалицијата за урбани транзиции, од своја страна рече дека „иако обемот на потребните инвестиции е значаен, економските дивиденди се далеку поголеми и постојат механизми за финансирање на поодржлива, поздрава и попросперитетна урбана иднина во Африка.

„Инвестициите, исто така, ќе создадат стотици илјади работни места, ќе го подобрат здравјето, ќе го намалат загадувањето и ќе ја зголемат продуктивноста низ целиот континент, а истовремено ќе ги намалат емисиите на јаглерод диоксид што ќе ги направи градовите поотпорни на влијанието на зголемените температури“, се додава во извештајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.