свет

Јапонија во просторот за кибербезбедност ги гледа како закана Кина, Русија и Северна Кореја

Усвоената стратегија нагласува дека за првпат јапонската Влада своите соседи Кина, Русија и Северна Кореја ги смета како закани поради кибернапади

Ahmet Furkan Mercan  | 28.09.2021 - Обновена : 29.09.2021
Јапонија во просторот за кибербезбедност ги гледа како закана Кина, Русија и Северна Кореја

ТОКИО (АА) - Јапонската влада усвои Нацрт стратегија за кибербезбедност, каде што се наведува дека Кина, Русија и Северна Кореја преставуваат „закани за кибернапади“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Генералниот секретар на кабинетот Като Катсунобу, во Националниот центар за стратегија за кибербезбедност и подготвеност за ситуации (NISC) го оцени сеопфатниот нацрт што ги опфаќа наредните три години.

Като барајќи од Националниот центар во оваа област да соработува со локалните администрации, повика на доследно спроведување на мерките во стратегијата и добивање доверба кај јавноста.

Истакнувајќи дека ги разгледале можностите за кибернапади на Олимпијадата во Токио, рече дека како резултат на преземените мерки немало напади што би влијаеле на олимпијадата.

Според новинската агенција „Кјодо“, усвоената стратегија нагласува дека за првпат јапонската Влада своите соседи Кина, Русија и Северна Кореја ги смета како закани поради кибернапад.

Во стратегијата се наведува дека „киберпросторот брзо напредува кон критичната фаза“ и дека овие три земји се осомничени за „вмешаност во непријателски киберактивности.“

Јапонија против можни активности планира „силни контрамерки со ефективни методи и капацитети“, вклучувајќи дипломатска интервенција и кривично гонење.

Исто така, се привлекува внимание на важноста да се обезбеди сигурност на клучната инфраструктура, како што се подводните кабли.

Потенцирана е и важноста на Агенцијата за дигитализација, која беше ставена во функција на почетокот на месецот во рамките на дигитализацијата на јавните услуги.

Според стратегијата, Јапонија ќе ја зголеми соработката за кибербезбедноста со своите партнери САД, Индија и Австралија во Алијансата Квад.

Од друга страна, ќе се оствари соработка со земјите од Асоцијацијата на нациите на Југоисточна Азија (ASEAN) за да се реализира визијата за слободен и отворен Индо-Пацифик.

Новиот стратешки план, кој се очекува да го замени постојниот план усвоен во јули 2018 година, се очекува да стапи на сила по одобрување од Кабинетот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.