Sayed Khodaiberdi Sadat
22 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
КАБУЛ (АА) - Припадниците на талибанското милитантно движење презедоа контрола врз граничниот премин „Ширан“ на авганистанско-таџикистанската граница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Членот на покраинскиот совет на Кундуз, Емрудин Вели, соопшти дека талибанските милитанти синоќа започнале напади врз граничниот премин, а дека авганистанските безбедносни сили утринава во потполност се повлекле од тоа место.
Талибанското движење соопшти дека презеле контрола и врз населбата Ширан и дека им се предале голем број припадници на авганистанските безбедносни сили.
Граничниот премин „Ширан“ е еден од најважните на границата меѓу Авганистан и Таџикистан.
Талибанското движење во изминатите два месеци презеде контрола во најмалку 35 подрачја во Авганистан. Според податоците на Обединетите нации, талибанците моментално контролираат меѓу 50 и 70 отсто од територијата на Авганистан, не сметајќи ги централните делови на големите градови.