свет

Хусите во Јемен: „Соборивме второ беспилотно летало на САД“

„Нашите сили за противвоздушна одбрана успеаја да соборат американско шпионско беспилотно летало (ScanEagle) користено во непријателски операции во воздушниот простор на регионот Ал-Месчах западно од Мариб“

Ekrem Biçeroğlu  | 22.06.2021 - Обновена : 23.06.2021
Хусите во Јемен: „Соборивме второ беспилотно летало на САД“

АДЕН (АА) - Хусите во Јемен, поддржани од Иран, соопштија дека го собориле второто американско беспилотно летало (ИХА) во градот Мариб, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Нашите сили за противвоздушна одбрана успеаја да соборат американско шпионско беспилотно летало (ScanEagle) користено во непријателски операции во воздушниот простор на регионот Ал-Месчах западно од Мариб“, напиша Јахја Сери, воениот портпарол на Хусите, на својот профил на Твитер.

Сери исто така на 20 јуни соопшти дека е соборено беспилотно летало од американско производство во градот Мариб.

Во однос на ова прашање, немаше изјава од американските или арапските коалициски сили.

Во Јемен, каде што подолго време владее политичка нестабилност, Хусите поддржани од Иран имаат контрола врз главниот град Сана и некои региони од септември 2014 година.

Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија ја поддржуваат легитимната Влада на Јемен и се против Хусите од март 2015 година.

Само две недели откако ја презеде функцијата, американскиот претседател Џо Бајден на 4 февруари соопшти дека неговата земја ја прекинува воената поддршка на Саудиска Арабија во војната во Јемен и дека ја запира продажбата на оружје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.