Sayed Khodaıberdı Sadat
01 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
КАБУЛ
Талибанските милитанти изведоа истовремени напади врз полициски станици во Белх и Кундуз, сместени во северниот дел на Авганистан. Во нападите животот го загубија 20 припадници на безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мухамед Аџмал Фаиз, шеф на полицијата на Белх, за новинарите изјави дека милитантите ја нападнале полициската станица во подрачјето Алем Хил во Белх, при што убиле 6 војници и двајца полицајци.
Претставници на безбедносните органи на Кундуз информираа дека милитантите извршиле напад врз полициската станица во местото Дашчи Арчи.
Во овој напад животот го загубиле 12 претставници на безбедносните сили, а двајца се ранети.
Талибанската страна тврди дека во двата напада загинале вкупно 30 полицајци.