Sayed Khodaiberdi Sadat
07 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
КАБУЛ
Талибанската администрација повторно почна да издава пасоши во Авганистан, која беше запрена на 15 август, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Алем Ѓул Хакани, заменик-генерален директор на Одделот за пасоши на Министерството за внатрешни работи на талибанската привремена Влада, рече дека во првата фаза ќе бидат издадени 25.000 пасоши.
Наведувајќи дека порано дневно се делеле по 3.000 пасоши, Хакани рече дека планираат оваа бројка да ја зголемат на 6.000 во наредните денови.
Хакани истакна дека женскиот персонал кој претходно работел во Генералната дирекција за пасоши, повторно е повикан на работа.
Саед Хости, портпарол на талибанското Министерство за внатрешни работи во привремената Влада, нагласи дека пасошите ќе бидат издадени под името „Исламска Република Авганистан“.
Според Генералната дирекција за пасоши, пасошите на околу 170.000 луѓе кои ги поднеле своите апликации преку интернет, се во фаза на печатење.