свет

Судан: Војската и опозицијата потпишаа договор за поделба на власта

Договорот беше потпишан од страна на заменик-лидерот на Воениот транзиционен совет, Мохамед Хамдан Дагало и Ахмед Рабиа од опозициската алијанса Сили за слобода и промени

Mohamed Sabry Emam Muhammed  | 17.08.2019 - Обновена : 19.08.2019
Судан: Војската и опозицијата потпишаа договор за поделба на власта

КАРТУМ (АА) - Суданскиот владејачки Воен совет и опозицијата потпишаа договор за поделба на власта, отворајќи го патот за избори и цивилно владеење, јавува Anadolu Agency (AA).

Договорот беше потпишан од страна на заменик-лидерот на Воениот транзиционен совет, Мохамед Хамдан Дагало и Ахмед Рабиа од опозициската алијанса Сили за слобода и промени (FFC).

На церемонијата за потпишување учествуваа регионални лидери и странски дипломати, како и Комесаријатот на Африканската Унија.

Според договорот за делење на власта, суверен совет составен од шест цивили и воен персонал од пет лица, ќе управува со земјата до изборите.

Според овој договор, премиерот на земјата ќе биде назначен со одобрение на Советот на 20 август, и ќе положи заклетва пред Советот и челникот на Врховниот суд на 20 август.

Судан е зафатен со немири од 11 април, кога воениот штаб го соопшти отстранувањето од функција на претседателот Омар Башир по неколкумесечни протести против неговото 30-годишно владеење.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.