свет

Средба Макрон - Џонсон: „Се подготвуваме за секакво сценарио за Брегзит“

„Со договор или без него, на 31 октомври треба да ја напуштиме ЕУ“, рече Џонсон

Yusuf Özcan  | 22.08.2019 - Обновена : 24.08.2019
Средба Макрон - Џонсон: „Се подготвуваме за секакво сценарио за Брегзит“

ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, во врска со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ) изјави дека се подготвуваат за секакво сценарио на 31 октомври, вклучувајќи и Брегзит без договор, јавува Anadolu Agency (AA).

Макрон во Елисејската палата го прими британскиот премиер, Борис Џонсон.

Во таа пригода Макрон истакна дека ја почитуваат одлуката на британскиот народ во врска со Брегзит, односно за излезот на Велика Британија од Унијата, но дека одлуката ја дочекале со жалење.

Тој порача и дека ниедна земја од Европската Унија не сака повторно да преговара за договорот за Брегзит.

„Се подготвуваме за секое сценарио, вклучувајќи и напуштање на Унијата без договор на 31 октомври“, рече Макрон.

Смета дека во рок од еден месец потребно е да се изнајде решение кога станува збор за Брегзит.

Макрон рече дека аранжманот за физичката граница, која се наоѓа во договорот, нуди стабилност во Ирска.

„Со договор или без него, на 31 октомври треба да ја напуштиме ЕУ“, рече Џонсон.

Британскиот премиер додаде дека по Брегзит, Велика Британија сака да ги развива односите со Франција. Исто така верува дека што поскоро, односно до 31 октомври, ќе постигне решение за излез од Унијата.

Договорот кој поранешната британска премиерка, Тереза Меј, го постигна со ЕУ, Парламентот трипати го одби.

Одбиениот договор предвидуваше двегодишен преоден период меѓу Велика Британија и ЕУ по Брегзит. Доколку во тој период не се пронајде решение за прашањето за границата помеѓу Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство, и Република Ирска, која е членка на ЕУ, насила требаше да стапи аранжманот за физичка граница (backstop).

Беше предвидено Обединетото Кралство да остане во Царинската унија сè додека не се пронајде решение за проблемот.

Сепак, противниците на овој аранжман, меѓу кои е и Џонсон, сметаат дека тој е неприфатлив.

На референдумот одржан во 2016 година во Обединетото Кралство, 52 отсто од гласачите се изјаснија за излез од ЕУ, односно за Брегзит.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.