свет

Сирискиот град Хан Шејхун се претвори во град на духови

Хан Шејхун, кој во светската јавност стана познат откако режимот на Асад уби 100 луѓе во масакрот со хемиско оружје на 4 април 2017 година, денес е претворен во град на духови

Selen Temizer  | 22.08.2019 - Обновена : 25.08.2019
Сирискиот град Хан Шејхун се претвори во град на духови

АНКАРА (АА) - Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад со помош на Русија го зазеде градот Хан Шејхун, кој во јавноста стана познат по масакрот со хемиско оружје пред околу 2,5 години, пренесува Anadolu Agency (AA).

Градот Хан Шејхун, во јужниот дел на Идлиб, од 2014 година се наоѓа под контрола на опозициските и антирежимските вооружени групи.

Хан Шејхун во светската јавност стана познат откако режимот на Асад уби 100 луѓе во масакрот со хемиско оружје на 4 април 2017 година.

По хемискиот напад, Соединетите Американски Држави (САД) на 7 април ја нападнаа воената воздушна база на сирискиот режим „Шајрат“, но покажаа ограничена реакција.

Турција, Русија и Иран на состанокот во Астана на 4 и 5 мај 2017 година, подрачјето на Идлиб, вклучително и Хан Шејхун, го прогласија за деескалациона зона.

Сепак, Хан Шејхун продолжи да биде цел на интензивните напади на режимот на Асад и неговите приврзаници.

Заедничката истражна мисија на Обединетите нации (ООН) и на Организацијата за хемиско оружје потврди дека на 6 септември 2017 година во Хан Шејхун е употребен хемискиот гас сарин, а на 27 октомври 2017 објави дека нападот е извршен од страна на режимот.

Иако беше утврдено дека се извршени воени злосторства, сторителите на масакрот по опструкцијата на Русија не можеа да бидат судени во Меѓународниот кривичен суд.

- Од февруари населението целосно емигрира од подрачјето -

Поради својата локација на Автопатот Алепо - Дамаск познат како М5, кој е стратешки важен за режимот, Хан Шејхун продолжи да биде постојана цел на интензивните напади.

Нападите, кои на крајот го претворија градот во град на духови, започнаа во февруари.

Мухамед Халак, директор на сириската Агенција за интервенции, во изјавата за АА рече дека сите 112.000 цивили, кои живеат во подрачјето, мигрирале од 9 февруари.

Наведувајќи дека нема скоро ниту еден цивил во областа, Халак во поранешната изјава за АА имаше истакнато дека од февруари во воздушните напади на режимот на Асад и на Русија биле нападнати 8 училишта, 3 здравствени установи, 1 електрана, 1 центар за цивилна одбрана и 3 фурни.

Архивската канцеларија, која припаѓа на опозицијата, исто така, соопшти дека 125 цивили ги загубиле животите во областа, која беше брзо испразнета од февруари.

Енес Дијаб, новинар - фриленсер кој работеше за АА, беше убиен на 21 јули во руската офанзива на Хан Шејхун.

Нападите, кои се интензивираа кон крајот на април, во последната недела се претворија во операција за заземање на подрачјето.

Режимските сили, поддржани од руските авиони, и терористичките групи поддржани од Иран, од Хама напредуваа кон јужниот дел на Идлиб и го зазедоа Хан Шејхун.

Фотографиите од Хан Шејхун направени од беспилотно летало, до кои стигна АА, беа објавени на 19 август. Од тие фотографии се гледа дека градот е целосно празен, а зградите уништени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın