Kasım İleri
08 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Во вчерашното соопштение од Стејт департментот се вели дека државниот секретар на САД, Џон Кери, во текот на оваа недела ќе се состане во Париз со своите колеги од Франција, Германија и од Катар, во обид да ги запрат борбите во сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој потег дојде откако Кери наводно одбил да присуствува на мултилатералниот состанок за Сирија, кој беше закажан за вчера, во Женева.
Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, претходно во текот на вчерашниот ден се состанаа во Германија, вели портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.
Тонер повтори дека Вашингтон и понатаму е посветен на намалувањето на насилството и да се врати на преговарачката маса. Тој ги критикуваше сирискиот режим и Русија за поттикнување на насилството во Сирија и за предизвикување на тешката состојба во Алепо.
Со поддршка на руската воздушни сили, силите поддржувачи на режимот на Башар Ал Асад го зедоа под контрола поголемиот дел од источен Алепо.
„Иако сирискиот режим е во можност со помош на Русија да го заземе Алепо, тоа не значи дека насилството и конфликтот ќе завршат“,предупреди Тонер.
Тој исто така се осврна и на прашањето за тоа дали Русија го напаѓа фронтот Нусра, група што се ребрендираше како Џабхат ал-Шам Фатх Ал по одделувањето од Ал-Каеда. Тонер исто така изјави дека иако САД и Русија ја гледаат Нусра како терористичка група, Русија не ја напаѓа групата.
Тонер додаде дека Кери од денес до 11 декември ќе биде во посета на Париз.