Ata Ufuk Şeker
08 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Американскиот команден генерал на силите на НАТО во Авганистан, Џон Николсон изјави: „Пакистан, Русија и Иран ги поддржуват непријателите на авганистанската Влада. Оваа опасност многу нѐ загрижува. Овие земји наместо да играат зад Владата на Авганистан, ги повикуваме да соработуваат заедно“, јавува Anadolu Agency (AA).
Николсон зборуваше во врска со последната ситуација во Авганистан и за мисијата „Одлучна поддршка“.
Генералот Николсон истакна дека намерата на мисијата „Одлучна поддршка“ на НАТО во Авганистан и на американската операција „Независни чувари“ е попречувањето на терористите да ја користат земјата како засолниште и да се попречат нападите на терористите кон земјите-сојузници. „По заврушувањето на мисијата на меѓународните сили за безбедност и поддршка (ИСАФ) во 2014 година, авганистанските сили целосно ја презедоа одговорноста за безбедноста“, рече тој.
Николсон потсети дека во Авганистан има 39 земји во рамките на меѓународната коалиција и дека оваа коалиција повеќе од 10 години им дава поддршка на авганистанските сили. Тој исто така нагласи дека по јунскиот самит на НАТО во Варшава, одлучиле околу 12.700 војници да останат во Авганистан и по 2016 година.
„Присуството на НАТО и на САД во Авганистан има клучна важност. Мисиите на НАТО и на САД во Авганистан меѓусебно се дополнуваат и го попречуваат тероризмот во земјата. САД со своето присуство извршува воен притисок кон терористичките организации. НАТО ги поддржува авганистанските сили“, рече генерал Николсон, кој се осврна на борбата против терористичката организација во Авганистан.
Николсон истакна дека со борбата во Авганистан и со поддршката на сојузничките земји се попречуваат евентуалните напади на невините луѓе.
Генералот Николсон истакна дека пред 5 години се формирале авганистанските безбедносни сили. „Пред 5 годни во Авганистан беа присутни 140 илјади американски војници и војници на коалицијата. Денес овој број го намаливме 10 пати. Моментално во Авганистан има околу 12.700 војници. Бројот на безбедносните сили на Авганистан достигна 300 илјади. Денес безбедносните сили на Авганистан се грижат за безбедноста на својата земја.
Тој рече дека Авганистанските сили неколкупати ставени на тест, кој успешно го надминале. Само во текот на август, талибанците се обиделе да заземат 8 градови, но поради борбата на авганистанските безбедносни сили, овие обиди биле неуспешни.
Николсон денешната ситуација ја оцени како стабилна, непријалтексите елементи се потиснати во подалечните области.
Тој вели дека се загрижени во врска со ефективното лидерство во Авганистан и борбата со корупцијата, и во овој контекст додаде дека обезбедувањето политичка стабилност е мошне важно.
Генералот истакна дека надворешните фактори во Авганистан се голема опасност. „Пакистан, Русија и Иран ги поддржуват непријателите на авганистанската Влада. Оваа опасност многу нѐ загрижува. Овие земји наместо да играат зад Владата на Авганистан, ги повикуваме да соработуваат заедно. Владата на Авганистан и НАТО сојузот водат борба со терористите кои претставуваат закана за земјите. Посакувам овие земји да помогнат Авганистан да напредува“.
Николсон рече дека САД утврдиле оти на светско ниво постојат 98 терористички организации. „Дваесет од овие терористички организации се во Авганистан и во Пакистан. Тоа е регион каде што има најмногу терористички организации“, вели тој.
Во 2001 година, мисијата ИСАФ се формираше со цел да се подобри безбедносната ситуација во Авганистан, да се обезбеди помош за Авганистан и да се формираат авганистанските безбедносни сили, како и за борба против талибанците и Ал-Каеда. Операцијата ИСАФ во 2015 година се трансформираше во мисијата „Одлучна поддршка“. Оваа мисија во Авганистан има за цел да обезбедни обука за авганистанските сили, консултација и поддршка.