Emel Gözellik
03 Јануари 2020•Ажурирај: 04 Јануари 2020
АНКАРА
Патнички автобус се судри со автомобил во Мјанмар. Во сообраќајната несреќа животот го загубија 22 лица, а 10 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста што ја објави агенцијата „Синхуа“, претставник на противпожарната екипа изјавил дека на автопатот Мјавади - Кавкареик во државата Качин се случила сообраќајна несреќа меѓу патнички автобус и автомобил, при што животот го загубиле 22 лица, а 10 се повредени.
Повредените се префрлени во локалните болници.