Sinan Polat,Sultan Çoğalan
26 Јули 2016•Ажурирај: 27 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Со две возила полни со експлозив извршен е терористички напад на аеродромот во Могадишу, главниот град на Сомалија. Според првичните информации, во нападот 12 лица ги загубиле своите животи, меѓу кои и војници на Обединетите нации (ОН) и од Мисијата на Африканската унија во Сомалија (АМИСОМ).
Од локални извори се дознава дека со две возила полни со експлозив извршен е нападот пред влезот на аеродромот што го користат војниците на мировните сили.
Од екплозиите што се случиле едноподруго загинале 12-мина кои биле на должност пред капијата на влезот од аеродромот, меѓу кои се наоѓаат и припадници на ОН и АМИСОМ.
Засега не е познат бројот на ранетите.
Од екплозијата скршени се прозорците од терминалот, а материјална штета претрпеле и околните згради.
Официјалните власти не дадоа никаква изјава поврзана со нападот и засега никој не ја презеде одговорноста за него.
Единствениот аеродром кој функционира во Могадишу, истовремено се користи и како база на ОН и АМИСОМ.