Tuncay Kayaoğlu
26 Јули 2016•Ажурирај: 28 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Леталото на соларен погон „Солар импулс 2“ го обиколи светот. Денес слета во Абу Даби и така ја заврши последната етапа на летот, кој започна во март минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Успеавме! Летавме 40.000 километри без гориво”, пишува на официјалниот профил на Твитер на „Солар импулс“. Леталото по последните објавени подготовки пред два дена го напушти меѓународниот аеродром во Каиро и тргна кон Абу Даби.
На 13 јули, леталото на соларен погон стигна во Каиро, од Севилја. Половина час пред слетувањето во главниот град на Египет, авионот го заврши симболичниот лет над големите пирамиди во Гиза. Леталото со погон на соларни ќелии, кое за летот ја користи само соларната енергија, го започна своето патување околу светот на 9 март 2015 година од Абу Даби.
Досега ги посети Оман, Индија, Мјанмар, Кина, Јапонија и неколку градови на САД, Шпанија и во Египет.
Пилотите Андре Борхберг и Бертранд Пикард, на 5 март 2015 година тргнаа од Абу Даби на пат околу светот. Со својот проект сакаа да укажат на користењето на изворите на чиста енергија.
Леталото развива просечна брзина од 45 километри на час, а во периодот кога сончевите зраци се најсилни може двојно да ја зголеми својата брзина. Има тежина од 2,3 тони, а на крилата со распон од 72 метра се наоѓаат 17.248 соларни ќелии. Благодарение на батериите од литиум, авионот може да лета и ноќе.