?kipa
11 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
МОГАДИШУ (AA) - Во Могадишу, главниот град на Сомалија, завчера беше изведен бомбашки напад во кој според последните информации, бројот на загинати се искачил на 53 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Капетан Мухамед Хусеин, сомалиски офицер за безбедност, соопшти дека завчера, во главниот град Могадишу, пред хотел во кој често доаѓале владини претставници, експлодирале две возила полни со експлозив, а потсети и дека на паркингот пред полициската станица која се наоѓа во близина на хотелот, се случила експлозија.
Капетан Хусеин информираше дека бројот на загинати во експлозиите се искачил на 53 лица, а повеќе од стотина се ранети.
Одговорноста за нападот врз хотелот во кој често доаѓале владини претставници, ја презеде милитанската организација Ал-Шабаб.