Mahmut Atanur
11 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
ЏАКАРТА (АА) - Запрена е истрагата по настраданите во авионската несреќа во Индонезија, што се случи на 29 октомври, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот за операции на Националната агенција за вонредни состојби (BASARNAS), Бамбанг Сурјо Аџи, соопшти дека е запрена операцијата за пронаоѓање и извлекување на настраданите во авионската несреќа, бидејќи на подрачјето на кое се спроведуваше истрагата, повеќе нема делови од авионот, ниту тела од настраданите.
Аџи рече дека од телата на настраданите коишто биле пренесени во болницата во последните 13 дена, идентификувани се 79 лица.
Авиокомпанијата „Лајон ер“ соопшти дека на семејствата, за секоја жртва одделно, ќе им исплати по 85.000 долари.
Авионот на компанијата „Лајон ер“, од типот „Boeing 737 MAX 8“, со код на летање JT 610, се урна на 29 октомври, 13 минути по полетувањето од Џакарта кон Пангкал Пинанг на островот Суматра. Во авионот се наоѓаа вкупно 189 лица, од кои 181 патник и 8 члена на посадата.