Gökhan Kavak
21 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Специјалниот претставник на сомалискиот претседател за борба против сушата, Абдирахман Абдишакур Варсаме, упати повик до меѓународната заедница за итна помош за борба против тековната суша во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на неговата посета на Гедол, еден од регионите погодени од сушата, Варсаме во изјавата за Агенција Анадолија (АА) рече дека на Сомалија ѝ е потребна итна помош.
„Сомалиската Влада и меѓународната заедница треба да работат заедно во борбата против сушата и да им помогнат на погодените од сушата“, додаде Варсаме.
Тој наведе дека сушата негативно влијае на целата земја, но оние што ги напуштиле своите домови поради безбедносни причини се повеќе погодени од оваа ситуација.
Тој исто така додаде дека работат за помош на луѓето и отстранување на пречките.
Координаторот на Обединетите нации (ОН) за Сомалија, Адам Абделмоула, нагласи дека земјата ја доживува најтешката суша во својата историја.
Абделмоула меѓу другото нагласи дека доколку не се обезбеди хуманитарна помош, многу луѓе се во опасност да ги загубат животите поради сушата.
Според податоците на ОН, милиони луѓе имаат итна потреба од помош во Сомалија, која немаше доволно сезонски врнежи од крајот на 2020 година.
Сомалиската Влада прогласи вонредна состојба низ целата земја на 23 ноември 2021 година поради сè поголемата суша.