Recep Şakar
27 Јули 2019•Ажурирај: 28 Јули 2019
МЕЛБУРН
Во провинцијата Викторија, Австралија, едно лице, скенирајќи со детектор на празно земјиште, открило 2 килограма необработено злато, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата на австралиските медиуми, во близина на градот Баларат, во северозападниот дел на земјата, едно лице, скенирајќи со детектор на празно земјиште, на 30 сантиметри под површината открило 2 килограми необработено злато.
Вредноста на необработеното злато изнесува 90.000 американски долари (130.000 австралиски долари).
Се дознава дека лицето што го пронашло златото имало разни понуди. Тој за вредноста на златото дознал откако го однел кај златар.
Златарот Марк Дај, истакнувајќи дека лицето кое го донело златото било многу возбудено, рече: „Кога ми го покажа златото во продавницата, трепереше како лист. Не знаеше што да прави со златото, три дена не можел да спие.“
Дај додаде дека не сака да го открие името на лицето што го пронашло златото, бидејќи мислат дека ќе откријат уште. Тој, исто така, рече дека не сака да го открие местото каде што е пронајдено златото.