Ömer Faruk Yıldız
27 Јули 2019•Ажурирај: 28 Јули 2019
МАНИЛА
Во северниот дел на Филипини се случија два земјотреса, во кои животот го загубија најмалку 8 лица, а десетици се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението што го објави филипинскиот Институт за вулкански и земјотресни истражувања, во северниот дел на земјата, во покраината Батанес, во 4:16 часот по локално време се случил земјотрес со интензитет од 5,4 степени, а во 7:00 часот дошло и до втор потрес од 5,9 степени.
По земјотресите не беа дадени податоци за евентуални човечки жртви, но во вестите објавени во меѓународните медиуми се наведува дека во потресите животот го загубиле најмалку 8 лица, а десетици се повредени.
Се истакнува дека голем број згради во покраината претрпеле оштетувања.
По потресите не беше дадено предупредување за цунами.