Safvan Allahverdi
27 Јули 2019•Ажурирај: 28 Јули 2019
ВАШИНГТОН
Претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека не ја обвинува Турција затоа што го купила од Русија системот за противвоздушна одбрана „S-400“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Одговарајќи на прашањата на новинарите во Белата куќа, Трамп го оцени и купувањето на системот „S-400“ од страна на Турција.
Трамп, истакнувајќи дека Турција нарачала 125 борбени авиони „Ф-35“, кои чинат милијарди долари, нагласи: „Тешка ситуација. Турција не можам да ја обвинувам за купувањето на „S-400“ затоа што за времето на Обама (поранешниот претседател Барак) имало многу ситуации и многу проблеми. Оваа ситуација, која е катастрофална, се базира на администрацијата на Обама. Ситуацијата ја оценуваме.“
Од друга страна, пак, Трамп одби да даде детали за активирањето на Законот за борба против непријателите на САД со санкции (CAATSA), за кој се истакнува дека ќе се применува за Турција.