Adham Kako
02 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
АНКАРА (АА) – Сириската мрежа за човекови права (SNHR) објави дека во Сирија, во месец април произволно се притворени 459 лица, повеќето од нив од страна на режимот на Башар ал Асад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Мрежата за месец април се соопштува дека минатиот месец низ целата земја се притворени 459 лица, од кои 34 деца и 23 жени.
Според извештајот, за 272 лица кои се приведени нема информации за тоа каде се наоѓаат.
Се истакнува дека режимот на Асад притворил вкупно 325 лица, од кои 23 деца и 17 жени.
Во истиот период во областите окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК, без никакво образложение притворени се 55 лица, од кои 6 деца и 3 жени. Исто така, според извештајот, воените опозиционери и вооружените групи против режимот притвориле вкупно 79 лица, од кои 5 деца и 3 жени.
Во извештајот се наведува дека од почетокот на оваа година во Сирија се притворени 1.730 лица.
Според извори на сириската опозиција, во затворите на режимот лежат најмалку 500.000 лица.
Мрежата, во својот извештај објавен на 30 април, објави дека од почетокот на граѓанската војна во Сирија до април 2019 година, режимот на Асад, од приведените стотици илјади лица со тортура убил 14.009 лица.