Bayram Altuğ
02 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
ЖЕНЕВА (АА) – БАЈРАМ АЛТУГ –
Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Геир Педерсен, утре ќе ги започне првите конкретни контакти за заживување на Женевскиот процес, во кој долго време нема одредени резултати, пишува Anadolu Agency (AA).
Специјалниот претставник Педерсен, откако ја презеде функцијата во јануари, првиот важен состанок во Женева ќе го оствари со земји наречени „мала група“.
На состаноците што ќе се одржуваат во канцелариите на ОН во Женева, Педерсен ќе се сретне со високи дипломати од Египет, Франција, Германија, Јордан, Саудиска Арабија, Англија и САД.
Првата цел на Педерсен ќе биде заживување на Женевскиот процес, блокиран од декември минатата година.
Целта на состаноците е да се одреди патоказот за политичко решение на кризата во Сирија, да се формира Уставниот комитет, и првиот состанок да се одржи во Женева.
Педерсен, по овој состанок, во мај ќе се состане со земјите гаранти на процесот од Астана, повторно во Женева.
Последниот состанок со малата група држави во рамките на Женевскиот процес го одржа тогашниот специјален претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, на 14 септември 2018 година.
Од состанокот на Мистура со земјите гаранти на процесот од Астана, Турција, Русија и Иран, одржан на 18 декември 2018 година, до денес во Женевскиот процес немаше никаков напредок.
Педерсен во вторникот го информираше Советот за безбедност на ОН за последните случувања во Сирија.
Истакнувајќи дека во мај, во Женева ќе се состане со претставниците на земјите гаранти на процесот Астана, Турција, Русија и Иран, Педерсен рече дека за Сирија е потребна меѓународна соработка.
„Сакам да видам повторно заживеана меѓународна соработка на широка основа. Треба да се воспостави заеднички форум за поддршка на Женева“, нагласи Педерсен.