Смртоносен напад на мечка во Јапонија
- Смрт на 52-годишен доставувач на весници Прв смртоносен напад на мечка на Хокаидо оваа година

ИСТАНБУЛ (АА) - По смртоносниот напад врз доставувач на весници, вчера за прв пат оваа година, во Хокаидо, најсеверната префектура во Јапонија, е издадено предупредување за напад на кафеава мечка, објави денес Кјодо њуз, известува Анадолу.
Предупредувањето, кое се однесува на подрачјето Фукушима во југозападен Хокаидо, ќе остане на сила до 11 август.
Жртвата, 52-годишен маж, била пронајдена мртва во грмушките рано наутро во саботата, со повреди за кои се верува дека се предизвикани од мечка.
Властите соопштија дека лицето веројатно било нападнато во близина на куќа и потоа бил влечен во грмушките, со траги од големи канџи и каснувања по телото.
И покрај обидот на сведокот на настанот да ја исплаши мечката, таа остана во областа. Полицијата и ловџиите го бараат животното со планови да го убијат.
Ова е прв фатален напад на мечка во Хокаидо во 2025 година.
Властите ги повикуваат жителите и посетителите да преземат мерки на претпазливост, особено за време на ноќните излети и апелираа да се избегнува надвор да се остава отпад од храна.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.