Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Hamdi Yıldız
24 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
РИЈАД (АА) - Саудискиот министер за надворешни работи и министерот за транспорт се сменети со кралска одлука, јавува Anadolu Agency (АА).
Според наводите на саудиската новинска агенција СПА (SPA), од должност се сменети министерот за надворешни работи, Ибрахим ал Асаф, и министерот за транспорт, Набил бин Мохамед ал Амуди.
На должноста министер за надворешни работи е именуван Фаисал бин Ферхан бин Абдула ал Сауд, додека Министерството за транспорт го презеде Салих бин Насир ал Јасир.
Фаисал бин Ферхан од февруари оваа година ја извршуваше функцијата амбасадор во Берлин, а Ал Јасир ја извршуваше функцијата генерален директор на саудиската авиокомпанија „Саудија“.