Ekip?
01 Септември 2016•Ажурирај: 02 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за животна средина и просторно планирање на Република Турција, Мехмет Озхасеки, денес во Анкара изјави дека на југоистокот од земјата ќе бидат изградени и на граѓаните во седум градови ќе им бидат доделени 30.000 станбени единици, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор, како што рече, за подрачјата погодени од терористичките напади, од делувањето на терористите на ПКК и антитерористичките акции на силите за безбедност.
„Во седум града има сериозно оштетување на објектите. Во овие седум града треба да изградиме околу 30.000 станбени единици и да им ги доделиме на оние на кои им се потребни“, рече Озхасеки, гостувајќи на уредничкиот деск на АА во Анкара. Како што истакна, најголема штета претрпело подрачјето Сур во покраината Дијарбакир.