Zeynep Akyıl
28 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за развој на Република Турција, Љутфи Елван, денес во Анкара изјави дека неговата земја има намера да достигне повисоко ниво во областа на економијата и политиката, јавува Anadolu Agency (AA).
„Развојните потенцијали мораме да ги подигнеме на поголемо ниво, уште подобро да се позиционираме во економска и политичка смисла. Имаме намера да достигнеме повисоко ниво во областа на економијата и политиката, и затоа за неопходно го сметаме воведувањето на претседателскиот систем“, изјави Елван гостувајќи на уредничкиот деск на АА.
Министерот Елван изјави дека одлуката за евентуалното воведување претседателски систем, ако не на Парламентот, ќе биде донесена со гласот на народот на референдум којшто би можел да биде организиран во врска со тоа прашање.
„Тоа е систем што ќе нѐ поведе во поголема лига, на повисок ранг“, изјави Елван. „Турција има намера да достигне поголемо ниво на економски развој, затоа е неопходен претседателски систем“.