Aşkın Kıyağan
31 Мај 2024•Ажурирај: 01 Јуни 2024
БРАТИСЛАВА (АА) - Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, отпуштен е од болницата „Рузвелт“ во Бањска Бистрица, каде што беше на лекување по обидот за атентат што се случи на 15 мај, а неговото лекување ќе продолжи во неговиот дом, јавува Анадолу.
Болницата „Рузвелт“ објави дека вчерашните последни контроли покажале дека здравјето на премиерот Фицо напредувало и дека неговото лекување ќе продолжи во домашни услови.
Се наведува дека во рамките на домашното лекување, ќе се следи процесот на рехабилитација на Фицо, и се додава дека на премиерот ќе му биде потребно време за целосно да заздрави.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, повеќепати беше застрелан на 15 мај додека беше во контакт со приврзаниците пред културниот центар по состанокот на Владата во градот Хандлова.
Локалните медиуми објавија дека нападот врз премиерот на Словачка го извршил 71-годишниот државјанин на Словачка, Јурај Ц., поради несогласување со политиката на Владата.