Fahri Aksüt
22 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
ХАТАЈ (АА) - Сириските бегалци, кои ја напуштија нивната родна земја поради војната и насилствата, ги фалат условите во бегалските центри во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во камповите се обезбедени потребите на бегалците, како што се образованието, здравството и инфраструктурата.
Еден од модерните кампови е привремениот бегалски центар „Јајладаги“ кој се простира на површина од 102.000 метри квадратни (25 хектари) во турската јужна област Хатај, кој претставува дом на над 4.000 бегалци, со вкупно 776 живеалишта.

Во кампот има клиника, училиште, библиотека, џамија, фудбалски терен, три игралишта и центар за заштита на деца управувани од турската Црвена полумесечина, а го опслужуваат речиси 200 вработени кои работат деноноќно.
Еден од бегалците, Халит Сакали, кој во Турција дошол во 2016 година, изјави дека земјата го прифатила него и неговото семејство.
„Турција ни обезбедува секаков вид помош и поддршка“, изјави тој.
Ријад Аблак, кој исто така е бегалец во кампот, а дошол таму со неговата сопруга и деца пред осум години, изјави дека ги почитуваат напорите на Турција за бегалците и им се заблагодари на властите.
Кампот „Бојнујогун“ е уште еден привремен бегалски центар во Алтинозу, во турски Хатај.
Центарот се наоѓа на површина од 140.000 квадратни метри (над 35 хектари) и се состои од 2.056 привремени куќи за над 2.500 бегалци.

Кампот ги обезбедува истите услуги и капацитети како и другите бегалски кампови во земјата, како и извиднички и спортски центри, кошаркарско игралиште и стаклена градина.
Над 150 вработени работат на обезбедување услуги за бегалците.
Мухамед Рахе, бегалец во кампот, рече дека секогаш се моли за Турција.
„Турција е единствената земја која го поддржува сирискиот народ и им помага на бегалците“, рече тој.