Tuba Şahin
30 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот извоз се искачи на 4,8 отсто на годишно ниво во септември, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројката достигна 16 милијарди долари“, се вели во денешното соопштение на Турскиот статистички институт (ТуркСтат).
Увозот на Турција минатиот месец изнесуваше 20,8 милијарди долари, што е раст од една година за 23 отсто.
Бидејќи увозот се зголемуваше со побрзо темпо од извозот, дефицитот во надворешната трговија на земјата се зголеми на 4,8 милијарди долари за истиот период.
Според прелиминарните податоци од Министерството за трговија, Турција на 2 октомври ја забележа највисоката бројка на извоз оваа година - 16,13 милијарди долари.