Ahmet Gençtürk
28 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Во југоисточна Турција започната е нова фаза на антитерористичката операција „Јилдирим“, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во југоисточните области Батман и Дијарбакир започна 14-та фаза од операцијата „Јилдирим“ со учество на 1.451 припадник на безбедносните сили, поделени во 89 тимови.
Детално наведувајќи ги достигнувањата на операцијата „Јилдирим“ од 13 јули 2020 година, во соопштението се истакнува дека се неутрализирани 137 терористи, уапсени се 74 соработници на терористичката организација ПКК и уништени се над 200 пештери, засолништа и магацини со оружје.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.