Halil Demir,İbrahim Halil Aktürk
29 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акцијата против водечките лица на радикалната левичарска терористичка група ДХКП-Џ раководена од Истанбул, во 12 турски области приведени се 93 од 120 лица за кои беше распишан налог за приведување, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Главното обвинителство во Истанбул издаде налог за приведување на 120 лица за кои се смета дека имале одговорни улоги во „вооружената пропагандна заедница“, „илегалниот простор“, „собранието на отпор“ и „теренскиот одбор“.
Тимови на Дирекцијата за борба против тероризмот приведоа 93 осомничени во 12 области.
Во рациите запленети се големи количества дигитални материјали. Акциите за приведување на останатите 27 лица продолжуваат.