Muhammet Tarhan
28 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, со напомената „поранешна Франција“, ја сподели изјавата на поранешниот француски претседател Жак Ширак од 2006 година за слободата на медиумите и почитувањето на верските убедувања, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Чавушоглу преку социјалната мрежа Твитер, на турски, француски и англиски јазик ја сподели изјавата на Ширак за слободата на медиумите и почитувањето на верските убедувања, кој тогашниот француски претседател ја упати по објавувањето на карикатурите на божјиот пратеник Мухамед во февруари 2006 година.
Ширак тогаш во изјавата рече дека слободата на изразување треба да се користи на одговорен начин.
„По повод случајот со карикатурите и реакциите во муслиманскиот свет, ве потсетувам дека слободата на изразување е една од темелите на Република, но истовремено се потпира и на вредностите на толеранцијата и почитувањето на сите уверувања. Треба да се избегнува сè што може да им нанесе штета на уверувањата на другите, а особено на верските убедувања. Слободата на изразување треба да се користи во атмосфера на одговорност. Ги осудувам сите провокации кои можат опасно да ги поттикнат страстите“, рече тогаш Ширак.