Dmitri Chirciu
22 Ноември 2019•Ажурирај: 24 Ноември 2019
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, истакна дека се загрижени од иницијативите на НАТО за користење на вселената како воена област, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин на состанокот на Советот за безбедност говореше за воените активности на НАТО и САД.
Рускиот претседател нагласи дека САД со нарушување на Договорот на нуклеарни сили од среден дострел (INF) зададоа удар врз контролниот механизам за оружја.
„Тензиите ги зголемија заканите во INF во насока на позиционирање на ракетните модели за различни места во светот“, додаде тој.
Путин рече дека НАТО ја зајакнува воено-политичката инфраструктура во близина на границите на неговата земја.
„Загрижени сме од иницијативите на НАТО за користење на вселената како воена област“, истакна Путин.
Инаку, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во средата истакна дека донеле одлука вселената да ја прифатат како нова оперативна област, покрај копнената, воздушната, поморската област и киберобласта.