Mohamed Sabry Emam Muhammed
15 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
ИДЛИБ (АА) - Според локални извори, најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во автобус, кој се случи доцна синоќа во сириската северозападна покраина Идлиб, јавува Anadolu Agency (АА).
Бомбашот се разнел себеси во автобус кој превезувал борци на опозицијата на влезот од кампот Атмех, велат изворите за АА.
„Петнаесет лица загинаа и 20 други беа повредени во нападот”, додаваат изворите под услов на анонимност.
Сѐ уште не е познато дали жртвите се цивили или борци на опозицијата.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на продемократските протести.
Оттогаш, според ОН, повеќе од 250.000 лица се убиени, а над 10 милиони се раселени.
Според Сирискиот центар за политички истражувања, сепак, бројот на жртвите од конфликтот кој трае шест години изнесува повеќе од 470.000 луѓе.