Mustafa Keleş
15 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Поради пријавување на престрелки од огнено оружје на аеродромот ЏФК во Њујорк беа евакуирани 1. и 8. терминал на овој аеродром, а некои авиони беа пренасочени кон околните аеродроми. По истражувањата на терминалите, полицијата изјави дека пријавата била лажна, јавува Аnadoly Agency (АА).
Според информациите, едно лице се јавило на бројот 911 и пријавило дека на теминалот 8 се слушнале звуци од огнено оружје. Половина час по инцидентот, на терминалот 1 каде што бил „Туркиш ерлајнс“ биле пријавени истрели од огнено оружје.
Во рамките на преземањето на безбедносни мерки од страна на полицијата и аеродромските власти беше евакуиран аеродромот и направен е претрес низ аеродромот.
Според фотографиите објавени на социјалните мрежи од страна на некој од патниците, може да се види како патниците со рацете на глава поминуваат низ полициските контроли на терминалите.
Според изјавите на полицијата, по истражувањата, на терминалите не се пронајдени никакви докази за употреба на оружје и беше утврдено дека пријавата била лажна.