Bilgin S. Şaşmaz
15 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
МИЛВОКИ (АА) - Едвард Флин, шефот на полицијата во Милвоки, во американската држава Висконсин, рече дека афроамериканецот Силвила Смит во текот на ноќта, сабота кон недела, го убил полицаец, исто така афроамериканец, но не го откри неговиот идентитет, јавува Anadolu Agency (AA).
Убиството на Смит предизвика масовни протести, кои и понатаму траат, а досега запалени се најмалку шест деловни комплекси, вклучувајќи и бензинска пумпа во центарот на градот.
Протестите во Милвоки продолжија и синоќа. Група граѓани се собраа во центарот на градот со цел да искажат незадоволство поради немирите во градот, а друга група се собра во паркот „Шерман”, каде што заедно со семејството на убиениот Смит, протестираа поради убиството.
„Без правда, нема ни мир”, изјави братот на убиениот Смит, додавајќи дека 23-годишниот Смит е убиен само затоа што носел оружје за коешто имал соодветна документација и дозвола.
Во екот на немирите, шерифот на градот, Дејвид Кларк, разговараше со гувернерот Скот Вокер и со генералот Доналд Данбар, и побара поддршка од американската Национална гарда.